ДПМ ќе одбележи 95 години од раѓањето на Блаже Конески

Друштвото на писателите на Македонија со манифестацијата Денови на Блаже Конески од 16-ти до 19 декември ќе ја одбележи 95-годишнината од раѓањето на поетот, раскажувач, есеист, филолог, книжевен научник и преведувач, творец и научник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

По повод годишнината, на веб-страницата на ДПМ ќе биде објавен избор од поезијата на Конески.

Друштвото на писателите на Македонија минатата година го востанови признанието „Повелба Блаже Конески“. Прв добитник беше поетот и академик Матеја Матевски.