
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, утре во 19 часот ќе се одржи промоција на антологијата на современата словенечка поезија под наслов „И ти светнува парче убавина“, во избор и препев на Викторија Блажевска и Соња Должан.
За најновиот проект на „Матица македонска“ ќе говорат проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска и амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.
Изданието финансиски е помогнато од Трубарјев склад при Друштвото на писателите на Словенија и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.