Заев: Груевски не смее да формира влада

Да ја почитуваме мнозинската волја на граѓаните за живот, наспроти режим, граѓаните гласаа против криминалот, за промени, рече Заев на денешната прес конференција.

„Резултатите не се конечни. Има разлика во податоците во записниците и ако тие грешки во ИЕ6 се корегираат, соодносот на добиени мандати ќе биде 50:50. Поради констатирани нерегуларности ќе поднесеме и приговори по што ќе се добие вистинската слика за бројот на добиени мандати. Треба да се почена на конечните резултати“, изјави Заев.

Тој најави приговори.

На прашањето кој ќе ја формира владата ако Груевски не го направи тоа, Заев одговори: Ако Груевски не формира влада, се знае кој ќе формира влада.