
Отпорот на бунтовниците во сирискиот град Алепо веројатно ќе заврши во следните два до три дена, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
– Се надевам дека во следните два-три дена ситуацијата во Алепо ќе биде решена, истакнал Лавров.
Тој ја дал својата изјава во момент кога од Алепо пристигнуваат различни информации за одложување на евакуацијата на цивили и нови судири.