
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин се договориле денеска, во телефонски разговор, да вложат заеднички напори за започнување на евакуација на цивилите и опозициските сили од источниот дел на Алепо што е можно поскоро.
Путин и Ердоган ја истакнале потребата да се спречат нарушувања на примирјето што беше постигнато со посредство на Турција и Русија вчера. Евакуацијата беше блокирана денеска, откако Иран постави нови услови, а владините сили и бунтовниците ги обновија борбите.
Ердоган му рекол на Путин дека Турција е подготвена да ги преземе сите можни мерки за да обезбеди привремени засолништа и хуманитарна помош по отворањето на коридорите за евакуација.