
Во овој приговор за мене е само пишување и укажување дека е сторена некаква повреда, а нема приложено никаков доказ. По мене тој приговор е неоснован, вели членот на ДИК.
Ибраими додаде дека и во прилог на приговорот членовите на ДИК ја немаат заверената изјава од нотар за која говорел претставникот од БЕСА.
-Не значи дека било која изјава заверена на нотар е доказ. Изјави може било кој во било кое време да обезбеди. За мене тоа не е доказ, ако нема други опипливи докази за денот на гласањето во одреденото гласачко место, додава Ибраими.