
Протестот се оддржа во момент кога пратениците се подготвуваат да гласаат за желбата на грчката Влада на пензионерите да им го даде божиќниот додаток како компензација за бонусот, што им беше укинат на барање од кредиторите.
Ветениот додаток создаде тензии со кредиторите, кои изјавуваат дека владата требало да побара одобрение за тоа.
Пензионерите, кои денеска протестираа, сметаат дека предложениот владин бонус е премал.
Евстатиос Бозос изјави дека тоа се премалку ситни пари, кои за многу малку ќе го компензираат 50-процентното намалување на пензиите од последните неколку години.
Грција од 2010 година ги намали платите, ги зголеми даноците и наметна редица реформи за да ги обезбеди потребните заеми, што земјата ќе ја спасат банкрот и излез од еврозоната.