
Како што соопштија од РЦУК, во периодот од 06:10 до 18:00 часот, без струја ќе бидат објектите на сервис Бутел, Арифи Бетон, водовод Бутел и градски гробишта Бутел, во општина Бутел, во периодот од 09:00 до 11:00 часот, дел од корисниците од улицата „Вера Радосављевиќ“ во општина Гази Баба, како и корисниците од улица „Капиштец“ во општина Центар.
Од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има за корисниците од бул. „Видое Смилевски Бато“ бр.7, 15, 25, 55, 65, 73 и 79, во општина Аеродром, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците од улиците „Неврокопска“ и „Чедомир Кантарџиев“, во општина Кисела Вода, а во периодот од 10:00 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Ржаничино, во општина Петровец.
Без струја во периодот од 10:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – дел од улиците бр.22, 22а и 24, во општина Кисела Вода, а во периодот од 12:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од улицата „Мирче Ацев“ во општина Центар.