OJO оформи предмет за избрна нерегуларност во Гостивар

Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека активно постапува по сите предмети поврзани со изборни нерегуларности кои беа оформени во предизборниот период и на денот на изборите.

Во таа насока, Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој предходно гласал во нејзино име.

Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола.