
Во петок претежно сончево со локална облачност, минималните температури од -7 до 1 а дневните од 0 до 8.
Во сабота и недела студено утро со утрински температури од -9 до -1 односно од -12 до -4 степени, додека пак во текот на денот сончево со дневни температури кои ќе се движат од -1 до 7 односно од 0 до 8 степени.
Во понеделник умерено облачно време, попладне продор на влажна и нестабилна маса која ќе услови врнежи од дожд и снег и максимални температури од -1 до 7 степени.