
Државата мора суверено да ги носи одлуките, некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред насобраните граѓани, кои протестираат пред ДИК.
-Тоа мора да запре, остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика. Мора да престанат да го прават тоа, рече Груевски.