
Во два часот по полноќ на регионалниот пат Р-1305 Битола-Кичево, кај селото Видрани, на местото „Воденица“, се случила сообраќајна незгода во која 27-годишниот Д.Ј. од Демир Хисар, управувајќи возило „Опел Фронтера“, изгубил контрола, преминал на спротивната страна и излетал од коловозот.
Полицијата информира дека во незгодата возачот Д.Ј. и неговиот сопатник С.Т. од селото Сопотница, се здобиле со тешки повреди и се задржани на лекување во Болницата Свети Еразмо.
Увид на лице место извршила екипа од Полицијата Кичево.