
Полицијата соопшти дека вчера околу 06:30 часот во Битола на ул. „Мукос“, во куќа сопственост на Б.А.(38), настанал пожар во кој животот го загубил Ш.Ш. (80), вујко на сопственикот, а кој престојувал во куќата. Во пожарот била опожарена и покуќнината.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.