
Како што соопшти полицијата, разбојниците со закана со нож, од двајца вработени побарале пари, по што ги затвориле во тоалетот. Потоа од работното биро го одзеле дневниот промет и побегнале од местото на настанот.
Полициската станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.