ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен рускиот амбасадор во Турција, убиецот е турски специјалец

Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов е убиен во оружен напад во Анкара, пренесуваат турските медиуми. Како што пренесува РТ, напаѓачот на амбасадорот е убеин, а според турски безбедносни извори станува збор за полицаец кој работел во Анкара.

https://www.youtube.com/watch?v=0wzFlsqVvsM

Карлов е ранет додека присуствувал на уметничка изложба на фотографии на тема „Русија во очите на Турците“, потврдиле извори од руската амбасада, јавува „Хуриет“. Карлов е застрелан додека држел говор, а се верува дека зад нападот стојат радикални исламисти, пишува „Хуриет“. РИА Новости подоцна пренесе дека амбасадорот им подлегнал на повредите, а кратко потоа ова го потврди и портпаролката на руското Министерство за одбрана Марија Захарова.

Телевизијата НТВ додава дека покрај  амбасадорот на Русија тешко се повредени уште три лица. Руските медиуми пренесуваат дека полицијата „го неутрализирала“ напаѓачот повикувајќи се на турската агенција „Анадолија“. Пренесени се и информации дека името на напаѓачот е Мевлут Мерт Алтнташ, припадник на полициска единица за сузбивање на демонстрации, роден 1994 година, школуван во Измир.