
Како што информира за МИА самостојниот инспектор во СВР Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција открила и санкционирала 13 возачи кои се движеле со возилото со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и четворица возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 30 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 49 возила.