
Истражен тим составен од претставници на руските специјални служби, Истражниот комитет и Министерството за надворешни работи замина за Турција за да се приклучи во истрагата за убиство на рускиот амбасадор Андреј Карлов, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
– Во тимот има вкупно 18 луѓе, рече Песков.
Според него групата ќе биде дел од истрагата за убиството на Карлов.
Песков нагласи дека договорот за тоа е постигнат во текот на телефонскиот разговор на претседателите на двете држави, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.