
Во текот на август 2016 година, пријавениот на лице од Берово му дал фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра и од 100 евра со цел да подмири должничко-доверилтески односи. Од страна на полициските службеници од НК за КР-Берово повикан е пријавениот кој кажал дека парите му ги има дадено друго лице од Берово со кој, исто така , бил извршен разговор при што лицето кажало дека поседува уште осум банкноти од по 50 евра за кои знае дека не се вистинити и истите доброволно ги предал во ПС Берово – стои во полицискиот билтен.