
Како што соопшти Град Скопје, нови знаци веќе се поставени на крстосницата на булеварот „ВМРО“ со булеварот „Гоце Делчев“, а замената на старите со нови знаци ќе продолжи и на улицата „Радишанска“ кај ОУ „Ацо Шопов“, на улицата „Московска“ и на булеварот „Александар Македонски“.
Според програмата на Град Скопје, нови светлосни знаци е предвидено да се постават и на улиците „Димитрие Чуповски“, пешачкиот премин кај СУГС „Јосип Броз Тито“, на пешачкиот премин кај Министерството за правда, на булеварот „Партизански одреди“, на улиците „Франклин Рузвелт“, „Бутелска“, „Коце Металец“, како и на улицата „Индира Ганди“.