
Германија нуди 100.000 евра за информации кои би можеле да доведат до апсење на Тунижанецот кој е осомничен за нападот Божиќниот пазар во Берлин.
Федералната криминалистичка служба на Германија, по налог на обвинителството и со поддршка на покраинските полиции спроведува интензивна потрага по Анис Амри, а за информации за него распишана е и награда.
По 24-годишниот Тунижанец е распишана потерница како главен осомничен за нападот во кој загинаа 12 луѓе и 48 се повредени.
Во полициски документи е наведено дека тој е висок 1.78 метри, тежина околу 75 кг со црна коса и кафеава боја на очите. Амри веќе бил под истрага во Германија поради сомневање за организирање напади.