
Петмина членови на екипажот на транспортен авион на компанијата „Аеросукре“ загинаа, а едно лице е тешко повредено откако вчера се урна летало во источниот дел на Колумбија.
Авионот „боинг 727“, кој летал на линијата Пуерто Карено – Богота, се урнал три минути по полетувањето.
На фотографиите од местото на несреќата се гледа дека по падот авионот се запалил, јави ТАСС.
Причината за несреќата сè уште не е позната.