
Полицијата нагласи дека таа мерка е неопходна поради тоа што таа локација привлекува голем број посетители.
Затворањето на улиците секако било планирано, но оваа мерка е воведена порано поради нападот во Берлин.
– Со затворањето на улиците ќе има и дополнителни безбедносни мерки за да се осигура безбедноста на стражарите, се додава во соопштението.
Полицијата наведе дека разгледува уште некои безбедносни мерки, бидејќи е проценето дека „има голема можност да дојде до терористички напад“.