
Извршивме интензивна дипломатска работа со партнерите и постигнавме прекин на огнот во Алепо. Започнавме со евакуација на мирното население од градот, и моментно, околу 40.000 луѓе се однесени во сигурната зона, посочи Јилдирим, додавајќи дека сето тоа било сложено и тешко изводливо.
Во областа има и такви, кои не сакаат мир. Ние сепак постигнавме успех и евакуирањето на обични граѓани продолжува, додава турскиот премиер.