
Зад овој превез се крие желбата на СДСМ преку политичката поддршка и влијание во Државната изборна комисија чиј претседател е Александар Чичаковски од СДСМ, како и поддршката на надворешен фактор да се влијае на конечниот резултат и да се поништат 455.000 гласови кои ги доби ВМРО-ДПМНЕ. Резултат кој е вториот најсупешен за оваа партија, по победата во 2014-та година.
За многумина надвор од здравата логика е да се смета дека некој би правел бугарски воз и тоа токму во општината Теарце. Македонија со ова повторно се втурнува во една нечесна игра, а на Теарце од страна на Зоран Заев се гледа како сламка за спас на неговата политичка кариера.
Повторувањето на одличниот резултат од 455.000 гласови кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ јасно укажува дека во вода паѓаат сите теории дека и претходните победи биле фингирани, како и дека постојат фантомски гласови. Во Теарце беше издвојувана чиста победа и чист изборен резултат за што сведочат и членовите на избирачкиот одбор.
Дополнително уште на самиот изборен ден на 11 декември голем дел од граѓаните во Теарце истакнаа дека гласањето поминало во мирна и фер демократска атмосфера, како и дека не се забележани никакви неправилности и нерегуларности.
На социјалните мрежи веќе наголемо се појавуваат објави дека СДСМ фрла огромни суми на пари во Теарце за купување на гласови.