
Пецо Грујовски, претседателот на синдикатот на УПОЗ, прави траги- комичен обид да ја избегне одговорноста со која е соочен како учесник во фалсификување на службена исправа, злоупотреба на службена положба, за што доби и кривична пријава, во конкретниот случај продолжува во овој момент со фалсификување на вистината. Претседателот на ССМ, Живко Митревски, никогаш не бил член на синдикатот на УПОЗ ниту има намера да биде член во синдикатот на УПОЗ со оглед на тоа што е член на синдикатот на Шумарство дрвна индустрија и енергетика на Р.М. каде што е и претседател на овој грански синдикат, реагираат од ССМ.
Во продолжение ви ја пренесувме во целост реакцијата од ССМ:
Оттаму, комично звучи фалсификувањето на вистината и обидот да се дезинформира јавноста дека претседателот бил исклучен од синдикатот на УПОЗ. Очигледно е дека уште еднаш, претседателот на УПОЗ Пецо Груевски и групата фалсификатори собрани околу него поради ова класично непознавање и поради сите противправни дејствија за кои добија кривична пријава, потребно е под итно да си поднесе оставка не само поради ова непознавање туку и поради катастрофалното водење на синдикатот на УПОЗ каде што успеа да го „сруши“ еден од најреномираните синдикати.
Во услови кога нема никаква идеја како да го води овој синдикат, да потпише колективен договор и да издејствува некое работничко право, најдобро е под итно да си поднесе оставка и да покаже малку морал и доблест со оглед на тоа што истиот има навршено 64 години и неколку месеци и да го напушти ова место овозможувајќи да дојде некој помлад кадар а не да се бори да го продолжи својот мандат до 70 години.
Очигледна е тактиката да си отвора афери и вниманието да го свртува кон некој друг, бидејќи во спротивно ќе биде соочен со барањето за оставка поради непродуктивната работа и исполнувањето на услови да замине во пензија.
И овој пат се покажа дека одредени личности наместо да ги вршат синдикалните активности, истите се занимаваат со продуцирање на афери и комични ситуации.
Останува фактот дека претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и 13-те други претседатели на грански синдикати фокусирани се на решавање на синдикални проблеми, водење на кампања за регресот за годишен одмор и на заштита на работничките права и интереси, а не се занимаваат со афери и неисполнети желби на поединци и синдикални пензионери.