Со оглед на тоа што според науката најголем показател за среќа е општествената поддршка – широчина, длабочина и значењето на вашите врски – треба да дарувате доживувања и активности, а не предмети затоа што таквите подароци овозможуваат квалитетно поминување на времето со другите луѓе и засилување на социјалните врски.
Трајни уживања

Кај изборот на подарокот важно е да го разликуваме моменталното уживање и долгорочното позитивно сеќавање што се заснова на способноста ментално да се вратиме во чувството или на настанот. Затоа кога купувате подароци размислете за оној што на тој што ќе му го дадете ќе му користи на долг рок, ќе продолжи да го враќа во среќните мигови.
Избегнување на замките на „дефицитот“

Тука едноставно станува збор за тоа да не го купувате подарокот што не можете да си го дозволите. Наместо да се фокусирате на она што го немате, негувајте го позитивното гледиште каде што во фокус е она дека имате некој што ви знчи и кому сакате да му дадете подарок. Притоа не е на одмет да се потсетите и на фактот дека веројатно имате повеќе од мнозинството луѓе на планетата.