
Партијата БЕСА нема да оди на средбата со лидерот ДУИ Али Ахмети. Централното претседателство на партијата синоќа одлучи БЕСА да не се појави на средбата што ја организира Ахмети денеска во 13 часот во хотелот Александар Палас, соопштија од партијата.
Посветени сме на албанските интереси, почитувајќи ја политичката волја на Албанските гласачи, имајќи во обѕир дека оваа средба е повикана од луѓе кои се спомнуваат од Специјалното Јавно Обвинителство и од тие што се осомничени за случајот “Маѓар Телеком”, како и не заборавајќи дека не подалеку од минатата недела ДУИ и ДПА , како членови на ДИК уште еднаш му служеа верно на ВМРО-ДПМНЕ,со што одземаа еден пратеник од коалицијата „Преродба со БЕСА“ за сметка на Груевски, одлучивме да не учествувме на состанокот повикан од претседателот на ДУИ.
Оваа идеја на Ахмети доаѓа непосредно пред почетокот на разговорите за формирање собраниско мнозинство за формирање нова влада. Целта е договор за заедничка платформа во одбрана на интересите на Албанците во Македонија, без разлика кој на крајот ќе влезе во власта. Интересно е тоа што ваквиот потег на Ахмети доаѓа само една недела по ваквите средби со претседателите на овие партии со албанскиот премиер Еди Рама.