
Терористичката закана “останува и понатаму висока” во Франција, но “не постојат формални елементи” на закана за Божик, и покрај тоа што има “ризик”, изјави генералниот директор на Националната полиција Жан-Марк Фалконе, во интервју за Журнал ди диманш, јавува дописникот на МИА од Париз.
“Нашите разузнавачки служби секојдневно ја анализираат ситуацијата. Од пред неколку месеци, заканата и понатаму останува многу висока во Франција и во европските земји кои учествуваат во коалиција (против организацијата Исламска држава). По искуството за жал, нападот во Ница, нападот во Берлин ја потврдува потребата од воспоставување на мерки за висок интензитет на безбедност, активен и пасивен, на големи собири “, рече Фалконе.
Нема ” формални елементи” во врска со одредена закана за Божик “, но Божик има религизона и празнична димензија, односно тој има симболична димензија а во исто време тие водат до големи собири. па очигледно тоа е ризик “, изјави шефот на полицијата.
“Атентатот од Берлин ги потсети сите префекти на потребата да се направи понатамошна нова проценка, да се осигура дека сите Божиќни пазари и сите богослужби на полноќ се добро заштитени”, додава тој, зборувајќи за “поставување на бетонски или метални столпчиња и порти, проверки на влезовите, пребарувања и претрес од страна на приватни обезбедувња поддржани од страна на полицијата.”
Повеќе од 91.000 припадници на полицијата, жандармеријата и војската се мобилизирани за време на Божиќниот викенд во Франција, за да се осигура безбедноста на Французите, според министерот за внатрешни работи Бруно Ле Ру.