Ведро и многу студено за новогодишната ноќ

ведро

Од утре поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.

Во западните и северните делови утре ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Попладне снег ќе има и на повисоките места на запад, а врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Во среда и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините, повремено со брзина околу 100 км/час. Дневната температура значително ќе опадне и најниска ќе биде во четврток и во петок кога ќе достигне од -7 до 2 степена.

За време на викендот времето ќе биде сончево.