
Според руските власти маж ранил со огнено оружје тројца припадници на полицијата во западниот дел на Москва. Во престрелката се ранети и двајца цивили.
Четворица од ранетите се примени во болница, а на петтиот му е укажана медицинска помош на лице место, додаде полицијата.
Напаѓачот се скрил во станбена зграда, која во моментот се претресува.