
Речиси 30 поранешни турски полицајци од денеска се на судење во Истанбул поради наводна вмешаност во пропаднатиот државен удар во Турција во јули годинава.
Ова е прво поголемо судење по обидот на соборување од власт на претседателот Таип Ердоган.
Обвинетите се осомничени дека им помагале на пучистите така што не ја извршувале својата должност.
Обвинителството побара за 21 обвинети да се изрече казна доживотен затвор за „обид на изведување воен удар“, а за останатите 8 бара максимална казна од 15 години затвор за припадност на терористичка организација.
По неуспешниот обид, беа уапсени повеќе од 40.000 лица, меѓу нив бројни полицајци, војници и други државни службеници, но и новинари осомничени за поддршка на движењето на Ѓулен.
Десетина илјади беа отпуштени од државните служби.