
Уделот на плинот од рускиот „Газпром“ во Европа постојано се зголемува и достигнал речиси една третина од европската потрошувачка. Компанијата проценува дека задоволила 31 отсто од европската потреба за плин во 2015 година, што веќе претставувало рекорд.
– Веќе сме на пат да постигнеме апсолутен рекорд на годишните испораки на плин, и од советскиот период и од историјата на модерна Русија, се наведува во соопштението на „Газпром“.