Овен
Непотребно се вплеткувате во некоја ситуација која не ја познавате доволно и на таков начин ги иритирате своите соработници. Прифатете добронамерна критика и не ги преувеличувајте своите способности, важно е да го реализирате основниот договор. Задржете одредена мерка на внимание и мудрост, нема причина да искушувате нечија емотивна наклонетост. Потребна ви е поголема дискреција во некои интригантни ситуации.
Избегнувајте напорни или конфликтни ситуации.
Бик
Можеби не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но тоа не треба дополнително да ве оптеретува или да го менува вашиот првобитен став за службената-финансиска соработка. Порано или подоцна, се ќе си дојде на вистинско место. Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер емотивна храброст или импулс да се соочи со заедничките проблеми. Насочете го своето внимание на повеќе сличности кои ве поврзуваат.
Посветете внимание на правилниот начин на исхрана и на здравствената превентива.
Близнаци
Нови информации делуваат како добра шанса или потреба за собирање на материјални резултати, не треба да ве наведат на погрешно однесување пред соработниците. Внимателно анализирајте го однесувањето на блиска личност, важно е редовно да слушате нечиј желби или емотивни пораки. Можно е да имате погрешна претпоставка.
Избегнувајте некои избрзани одлуки, бидете умерени во реакциите и однесувањето.
Рак
Упорно инсистирате на своите намери и преземате одреден вид на ризик во службената соработка. Ако имате добро претчувство, потпрете се на својата интуиција и на добрата моќ на забележување. Новиот успех треба дополнително да ве мотивира. Во љубовната средба може да се направат многу добри работи. Не дозволувајте на вашиот партнер да му недостасува инспирација, како заедничка водилка и емотивен поттик.
Важно е правилно да ја насочувате својата креативна енергија.
Лав
Можно е некој да го критикува вашиот начин на работа или стил на однесување. Нема причина да се спротивставувате на мислењето на мнозинството, бидете доволно разумни и прифатете нечиј совет. Потрудете се да ја завршите започнатата работа во предвидениот рок. На средбата со блиска личност индивидуалното прикривање на вистината околу некои деликатни ситуации, само го одложува решавањето на заедничките проблеми. Најдобро е да постапите во согласност со својата совест.
Слободното време посветете го на психо-физичка рекреација, опуштете се.
Девица
Делувате малку невнимателно на средбата со соработниците и зборувате за работи кои задираат во доменот на службените тајни. Поради лошите проценки можни се некои дополнителни компликации, кои го доведуваат во прашање продолжувањето на заедничките акции. Насочете ги своите мисли во позитивен правец. Постои личност која ви подарува искрени чувства и емотивно внимание, уживајте во заедничката среќа која може да ја почувствувате.
Делувате напнато, потребна ви е релаксација.
Вага
Внимателно анализирајте ги новите случувања или важните промени на работната сцена. Не дозволувајте некој неправедно да го оспорува вашето внимание или заслугите кои ги имате во заедничката акција. Упорно се обидувате да избегнете некој вид на емотивна одговорност пред блиска личност. Сепак, не можете да ја негирате вистината во ситуации кои стануваат очигледни. Понекогаш реалноста е различна од она што ви се чини.
Потребно е да ја подобрите својата психо-физичка кондиција.
Скорпија
Можеби не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или одредени правила кои ги диктираат вашите соработници. Не ја трошите својата драгоцена енергија на ситуаци кои поминуваат недоволно забележано на работната сцена. Чувствувате емотивна несигурност, но со упорно прикривање на вистината оставате погрешен впечаток на блиска личност. Мора да имате повеќе храброст во личното соочување.
Моменталната положба на Месечината влијае на вашата хиперсензитивност.
Стрелец
Не можете во потполност да ги остварите своите намери, но не се откажувате од амбициозните цели и барате заобиколни решенија. Нечии идеи звучат многу интересно во моментот додека се слушаат, отколку кога почнуваат да се спроведуваат на дело. На средбата со саканиот(ата) не го постигнувате секогаш саканиот ефект. Се случува често залудно да глумите незаинтересираност за одредени случувања.
Потрудете се да остварите подобра психолошка рамнотежа.
Јарец
Вашиот работен неуспех објективно не претставува голема загуба, поради тоа одбивате да се покорите на нечиј казнени мерки. Вашите соработници треба да ги прифатат логичните објаснувања кои ги нудите или реалните околности кои влијаат на заедничкиот успех. Во односот со саканиот(ата), ви се чини дека на себе имате преземено премногу одговорност за заедничките планови. Потребно е да направите отстапница.
Сочувајте ја самодовербата и доброто расположение.
Водолија
Премногу сте горди за да прозборувате за своите проблеми или отворено да побарате нечија интервенција. Потребно е да се ослободите од погрешните навики и да прифатите нечија идеја, како добар патоказ. Успешните личности секогаш бараат и добар совет. Нема причина да верувате во некој спонтан расплет на случувањата или во љубовна среќа која доаѓа неочекувано. Не заборавајте дека понекогаш првиот впечаток умее лесно да залаже.
Ќе ви одговара некоја омилена забава и психо-физичка релаксација.
Риби
Прифатете скромна работна понуда и не потценувајте нечиј интелектуални способности. Делувате малку конфузно пред соработниците и поради тоа вашите објаснувања не звучат доволно убедливо. Потребно е подобро да ги усогласите своите мисли и чувства, како би го сочувале личното достоинство пред личноста која добро ги познава вашиот темперамент и слабости. Понекогаш е невозможно да се сокрие внатрешниот немир.
Применете некоја од техниките на опуштање и релаксација, ќе ви одговара.