
Како што јави дописникот на МИА, дрогата,од албанскиот брег до Италија била транспортирана со моторен чамец. Откако била растоварена на брегот на Пуља, била пренесена во комби, кое полицијата го запрела во Бари.
Освен дрогата,чија вредност на пазарот се проценува на околу милион евра, полицијата ги запленила и моторниот чамец и комби возилото.
Во меѓу време, полицијата од северниот албански град Скадар на граничниот премин Муриќан,на албанско-црногорската граница заплени 14,5 килограми марихуана. Дрогата била пронајдена во автомобил марка „Ауди“, управуван од 24-годишен италијански државјанин, кој е приведен.
Гранична полициска патрола во пределот кај Скадар во друга акција запленила 62 килограми марихуана, при обид на албански државјани илегално да ја префрлат на црногорска територија.
Нешто повеќе од 60 клограми марихуана запленила и грчката полиција, која била откриена во возило со кое патувале двајца албански државјани. Крајната дестинација на дрохата бил атинскиот нарко пазар.