
Изминатиот ден, како што информира денеска полицијата, имало уште пет сообраќајки од кои во три со полесни повреди се здобиле три лица, а во две причинета е материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала седум возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина, двајца возачи возеле под дејство на алкохол, осум возачи не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци, а шест возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 62 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 81 возило.