
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, по повод новогодишните празници денеска ќе го посети Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток и ќе им подели подароци со топла облека на 50-те корисници на пунктот.
Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, кој функционира веќе осма година, нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Пунктот е финансиски поддржан од Град Скопје и повеќе компании и граѓани. Заради студениот бран, од утре пуктот ќе биде отворен 24 часа.