
Светот во 2016тата година ги преполнуваше медиумите со настани кои беа производ на тензии, конфликти, терористички акти, неизвесност, економски кризи, мигрантски бранови, крупни меѓународни политички поместувања. Светот не е каков што беше.
Се губеа традиционални пријателства, се стекнуваа нови, земјите покажуваа различност во нивните домашни и надворешни политики, граѓаните испраќаа пораки до политичарите… Генерално година која ја испраќаме зад нас, гледајки сите надеж во новата и времето на подобрување кое сите го очекуваме.
Нашата држава не ја одминаа проблемите. Кај нас би рекол беа и подлабоки од оние на повеќе места, но мора да се извлечат поуки и да се продолжи напред со обновена енергија и прецизно поставена цел.