
Задржани се најчесто деца со респираторни заболувања, вирози и бронхопневмонии, а дечињата кои имаат малку полесна клиничка слика се праќаат дома. Одделението е преполно и нема повеќе слободни места, вели доктор Мирјана Шемова, педијатар.
Зголемувањето на бројката на грипозни го потврди и епидемиологот Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци. За утре, тој најави и поконкретни информации во врска со бројот на заболени од грип оваа сезона.