
Тоа беше натпревар во кој нашиот национален тим имаше моменти на блесоци, но и значителни падови во играта Дејан Манасков со седум погодоци беше најрасположен за стрелање кон противничкиот гол, два од седумте погодоци ги постигна од линијата за седум метри.
Стоилов и Кире Лазаров постигнаа по пет погодоци, два помалку запиша Миркуловски. На спротивната страна најрасположени за игра беа Вегар и Овчина со по четири погодоци додека Бенјамин Буриќ спречи 14 удари кон својата мрежа.Македонија и БиХ ќе одиграат уште две пријателски средби во наредните два дена, но и двата ќе бидат од затворен карактер.