
Заради големиот број на заболени од грип меѓу децата на училишна возрст, школскиот распуст во Србија ќе биде проолжен за два дена. Учениците наместо на 9-ти на училиште ќе појдат на 11-ти јануари.
Изминатиот период е зголмен бројот на зболени од грип, а во некои клинички центри во Србија е забранета и посета како превентивна мерка.
Надлежните се одлучиле распустот да се проолжи само два дена, бидејќи постои и проблем како да се надополни изгубената настава.
Според српското Министерство за здравство, најмногу заболни од грип има меѓу претшколските и школките деца на возраст од пет до 14 години, околу 12.000 деца, додека меѓу средношколците бројката се движи околу 3.000.