
Од 08:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема.
Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.
На патниот правец Маврово – Дебар се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила.