
Во текот на изминатите 24 часа сообраќајната полиција санкционира поголем број прекршоци. Шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца ги управувале возилата под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки, шестмина поминале на црвено светло на семафорот, а 28 возила биле непрописно паркирани.
Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале на црвено светло, додека со пајак-службата се отстранети 51 возило.