
СОРОС во Македонија, Шарена револуција, федерализација и кантонизација на државата… се само дел од највпечатливите маски на овогодинашниот Вевчански карневал.
Покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Августи, низ вевчанските улици се продаваа и дипломи од Косово за 5.000 евра, а внимание привлекоа и фантомските тутунарки. Не изостанаа ниту маските од секојдневието, омилените цртани ликови, како и други со страшни и смешни содржини.
Сите фотографии и атмосферата од овогодинешниот Вевчански карневал погледнете ги во продолжение.