
Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:
Фактите почитувани се очигледни. Во 2005-та бројот на вкупно превезени патници од двата аеродроми во Македонија изнесувал 579.913 патници, а во 2016-та година тој изнесува 1.794.376 патници. Тоа е покачување за 309%.
Македонија во 2005-та година била поврзана со 17 дестинации, денес Македонија е поврзана со 35 европски и светски дестинации. Тоа е повеќе од двојно. Македонија е поврзана со Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен, Меминген, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Братислава, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридрихшафен, Берлин, Копенхаген и Хановер, како и Загреб, Женева, Прага, Дубаи, Белград, Љубљана, Рим, Истанбул, Виена и Цирих.
Почитувани, овој резултат произлегува од бројните мерки и проекти кои се превземаат во насока на инвестиции во инфраструктурата и привлекување на нови авиолинии, но и заради инвестициите и проектите кои се превземаат во секторот Туризам.
Субвенциите за тур-операторите, евтините авиолетови до Македонија, изградбата на модерните плажи, пешачките патеки околу езерата и промоција на земјава како атрактивна туристичка дестинација на светските медиуми се само дел од мерките кои овозможија постојан раст на туризмот во последниве години и зголемување на бројот на странските туристи, а со тоа и бројот на патници кои ги користат авиолиниите од и до Македонија. Само за споредба во 2006-та година бројот на странски туристи изнесувал 202.357, а во 2016-та бројката на странски туристи е речиси за два и пол пати зголемена. Инвестициите во авиосообраќајот несомнено влијаеја на развојот на туризмот, а со тоа и на зголемување на приливот на средства во државата по овој основ.
Ова е резултат на модернизацијата на двата аеродроми, аеродромот во Скопје Александар Велики и аеродромот во Охрид Свети Апостол Павле како и зголемувањето на финансиската поддршка за воведување на нови авиолинии.
Само за споредба од 2012-та година до 2016-та година износот на финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии се зголемил од 25.651.713 денари на 104.075.000 денари.
Ова е од интерес пред се за младите кои на овој начин имаат прилика да се стекнат нови искуства, нови знаења и нови хоризонти.
Ова им овозможува на нашите бизнисмени во на развојот на својот бизнис и остварување на контакти со нивни бизнис партнери од останатите држави.
Потоа им овозможува на нашите туристички работници нови дестинации, но и претставува исклучително значаен момент како од аспект на развојот на туризмот во Македонија односно од аспект домашната економија и за околу 20 стопански гранки кои директно или индиректно се поврзани со туризмот.
Во програмата Реално предвидуваме продолжување и нови проекти кои ќе значат поголем развој на туризмот во Македонија.
Бенефитот од инвестициите во авиосообраќајот е огромен и тоа ни дава храброст да продолжиме да работиме и понатака, затоа што Македонија е дел од светот и од Европа и мора да биде директно поврзана со нив.