Аналитичари: Трамп ќе стави крај на ерата на Сорос

Американскиот милијардер и основач на фондацијата „Отворено општество“, Џорџ Сорос, во голема мера влијаел на предизвикувањето на две и полгодишна политичка криза во Македонија, сметаат аналитичарите, кои велат дека ова не е прв обид на контоверзниот милијардер да се меша во легитимно избраните влади на суверени држави.

Дека Сорос, освен кон­ти­ну­и­ра­на­та ак­тив­ност на не­го­ви­от ин­сти­тут, имал и директен и личен ангажман во две и иполго­диш­ната кри­за во змејава, смета и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој во интервјуто дадено за весникот „Дневник“, вели дека спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те со кои рас­по­ла­га, пок­рај кон­ти­ну­и­ра­но­то дејс­тву­ва­ње на неговиот ин­сти­тут, ме­ди­у­ми­те и невладините организации што ги фи­нан­си­ра, го­лем број ин­те­лек­ту­ал­ци, про­фе­со­ри, политич­ки ана­ли­ти­ча­ри и но­ви­на­ри  што ги фи­нан­си­ра во  Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и про­ек­тот со пла­те­ни­те лу­ѓе за про­тес­ти што са­ми­те се на­ре­коа Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја, Сорос имал и по­ди­рек­тен ли­чен ан­гаж­ман во соз­да­ва­ње­то на кри­за­та во Македонија до­ни­ја, чиј гла­вен столб биле об­ја­ве­ни­те кре­и­ра­ни ма­те­ри­ја­ли од те­ле­фон­ски раз­го­во­ри.

Ги имам ин­фор­ма­ци­и­те, но де­та­ли не са­кам да об­ја­ву­вам во овој мо­мент. Се­пак, спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те со кои рас­по­ла­гам, тој има свој ли­чен ан­гаж­ман во круп­ни опе­ра­ции по­вр­за­ни со под­го­тов­ки­те на кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја. За таа цел има ос­тва­ре­но сред­би, раз­го­во­ри и со­ра­бот­ка со пре­ми­ер на зем­ја член­ка на ЕУ и со пре­ми­ер на ед­на зем­ја ко­ја не е дел од ЕУ. Слич­на опе­ра­ци­ја има­ат нап­ра­ве­но во уш­те нај­мал­ку ед­на др­жа­ва, ние сме вто­ри, но во таа зем­ја по­и­нак­ва бе­ше так­ти­ка­та на ос­тва­ру­ва­ње­то на цел­та, от­кол­ку во Ма­ке­до­ни­ја. Не е во­оп­што слу­чај­но што да­дов спе­ци­јал­но ин­тер­вју за не­го. Кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја не е под­гот­ву­ва­на од еден цен­тар, ту­ку од нај­мал­ку два и опе­ра­тив­но е дејс­тву­ва­но од тие два цен­тра. Овој за кој го­во­рам е ед­ни­от, појаснува Груевски во интервјуто.

Според универзитетската професорка Тања Каракамишева Јовановска ваквиот став за Сорос, го делат и голем број политичари во регионот, Европа и во светот.

Целото валкано лице на Џорџ Сорос излезе на површина, јавноста дозна за сите негови шпекулации и финансиски манипулации коишто ги правел, но и директно политичко вмешување во легитимно избраните влади во суверените држави. Така што целата таа мрежа што ја шири во знак на некакво наводно ширење на демократија и слобода веќе се покажа дека е контра тие негови фрази кои постојано ги потенцира дека всушност е борец за отворени општества. Неговата основна матрица е создавање на еден централизиран светски поредок којшто ќе успее да го контролира светот на најбрутален можен начин, што нема никаква врска со демократијата и слободата. Гледаме како Виктор Орбан, Владимир Путин и срспските лидери ќе се справуваат со овие организации и како планира Доналд Трамп да се справи и затоа претпоставувам дека оваа 2017 година ќе се сврти нова страница и ќе се отвори пожестока битка против целиот овој невладин сектор, но и против Џорџ Сорос конкретно, заради тоа што целата негова политика е разобличена, како и неговата цел – поради која тој делувал на ваков начин. Се она за што тој тврдеше дека се залага се покажа дека е спротивно, посочува Каракамишева – Јовановска.

Познавачите велат и дека неговото влијание во кризата во земјава е јасно видливо и дека има докази за тоа. Според аналитичарот Александар Даштевски, процесот на создавање на еден таканаречен централизиран светски поредок, завршува со победата со доаѓањето на Доналд Трам за преседател на САД, односно по преземањето на функцијата.

Веќе има докази и во МВР и помеѓу граѓаните дека им се нудени средства од невладини организации кои ги плаќа Сорос да гласаат за опозицијата. Има голем број докази за неговото влијание, знаеме дека Шарената револуција немаше ни да успее да не беше плаќана од организациите кои се финансираат од Сорос. Но, тоа според мене е општ процес кој сега со победата на Доналд Трамп на изборите во САД завршува, со брегзитот во Велика Британија, а како што веќе знаеме во Русија тој е прогласен како персона нон грата, се бара со потерница преку Интерпол – бидејќи се обидел да го сруши уставниот поредок во Русија. Слично нешто се случува и во Полска, во Унгарија тоа веќе е завршен процес, а Србија сериозно размислува да го направи тоа бидејќи се смета дека Џорџ Сорос активно учествувал во рушењето на поранешна Југославија и поради тоа прво е присутен во Србија па во другите земји, бидејќи останал од тоа време на тие простори, смета Даштевски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ неодамна најави процес на десороизација во земјава.

Ќе се бориме за десороизација на Република Македонија, и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и НВО, по теркот на најнапредните демократии во светот, рече Груевски во прогласот на партија, објавен на 17-ти декември.

Освен тоа, тој неодамна во интервју за неделникот „Република“ рече дека американскиот милијардер во Македонија создал „армија од невладини организации кои се обидуваат политиките на една земја да ги насочат кон остварување на целите на Сорос“.

Најавата за десороизација на Македонија ја поздравија и дел од аналитичарите, според кои функционирањето на соросовата фондација во земјава треба или да се забрани или да се регулира како што тоа е направено во голем број развиени демократски земји.

Ја поздравувам најавата за десороизација на Македонија што според мене подразбира или забрана за функционирање на таа соросова фондација или ставање стриктно во рамки како што тоа е регулирано во сите развиени демократски земји каде што функционираат такви невладини организации и граѓански здруженија и ќе прави рамномерна распределба на средствата, а верувам истото ќе се случи и со средствата од странските амбасади или нивните фондации. На ваков начин во голема мерка ќе се регулира медиумскиот простор кој сега поради застапеноста на Сорос не може да се регулира, посочува аналитичарот Александар Пандов.

Инаку, недамна унгарскиот вицепремиер Силард Немет најави дека земјата планира да ги затвори сите невладини организации кои финансиски се поврзани со американскиот милијардер и основач на Фондацијата „Отворено општество“, Џорџ Сорос.

Овие организации неопходно е да бидат потиснати со сите расположливи средства и јас мислам дека треба да бидат избирашани. Мислам дека меѓународните услови сега се вистински за тоа бидејќи е избран нов претседател на САД, изјави Немет.

Ваквиот чекор на унгарските власти претходно го најави и унгарскиот премиер Виктор Орбан, според кого, невладините организации добиват пари од странство со цел „да организираат прилив на бегалци и да поттикнуваат миграција“.