Запалена куќа во Марсеј, Французите преплашени од можен терористички напад

Откако социјалните мрежи алармираа за две наизменични експлозии во Марсеј, Французите се во паника и стравуваат до нови терористички напади.

За потсетување, Франција изминативе неколку години неколку пати беше мета на терористички напад, па стравувањето на Французите е оправдано.

Покрај пораките за експлозии се појави и видео од Марсеј на кое се гледа како гори куќа, па се претпоставува дека експлозиите дошле од таму.