
Нема сомнеж, постојат три типа на мажи кои никогаш нема да имаат проблем да најдат партнерка. Станува збор за привлечност која постои отсекогаш и не е врзана со врска и потенцијален брак туку единствено за чиста сексуална привлечност
Жените ги привлекуваат силни алфа мажјаци со огромна количина на тестостерон кои отсекогаш го пленеле вниманието на двата пола. Жените ги посакуваат, а другите мажи сакаат да бидат како нив.
Тип 2: Тој има стил
Елеганција и пристојност, внимателно одбрана облека и друштво, дискретен парфем и галантен пристап кон жените сигурно ќе станат привлечни. Иако наведените карактеристики претежно ги красат богатите мажи, дури и не е потребно да имаат многу пари на сметката, доволно е да знаат што сакаат жените, а одговорот гласи – да бидат сакани и разгалени.
Тип 3: Тој го има „она нешто“
На сите оние кои сериозно ги проучуваат машко – женските односи им се крева косата на главата на самото споменување на поимот „она нешто“. Меѓутоа, факт е дека за одредени мажи кои со својата појава не оддаваат впечаток дека би можеле да бидат отров за жените, понежниот пол сепак заклучува дека „го имаат она нешто“ и поради тоа тие мажи стануваат страшно посакувани.
„Она нешто“ може да биде било што. Тоа понекогаш е секси поглед, убав глас или привлечна насмевка, манири и талент, но почесто произлегува од комплетниот впечаток кој некој го остава.