Партискиот полтрон на СДСМ Јон Фрчковски, синот на Љубомир Фрчковски, го допре дното со навредите кои ги упати кон поранешната пратеничка Солза Грчева, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение ви го пренесуваме целосно соопштението од ВМРО-ДПМНЕ:
Вистинското лице на СДСМ за жал одамна се виде. СДСМ со секој еден кој не ги дели нивните ставови, се однесува како со негов најголем непријател и не бира средства за напад.
Тоа е демократијата на Зоран Заев. Аболицираниот криминалец Заев е опкружен со рекетари, криминалци, насилници. Тој преку нив се заканува, го навредува и напаѓа секој оној кој што размислува поинаку од него.
Пишуваа графити и пароли на домовите на пратеничките кои не ги прифаќаат нивните анти-државни одлуки. Ги навредуваа во секоја прилика не штедејќи најпогрдни зборови. Шират говор на омраза.
Со овој срамен чин се потврдува за чии интереси работи претпријатието Паркинзи – Центар, каде што е вработен Јон Фрчковски. Паркинзи – Центар веќе одамна не е во функција на граѓаните. Служи како партиска фондација за финансирање на насилници, криминалци, навивачи со сомнително минато кои му се верни на Зоран Заев.
Секој оној кој не мисли како Зоран Заев е подложен на напад од овие луѓе. Ова насилие и терор кон сопствениот народ мора да прекине. Граѓаните мора да се ослободат од заложничките канџи на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
За сето ова е виновен аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминално-мафијашкото раководство на СДСМ кои треба да одговараат.
Граѓаните одбраа просперитет, проекти и иднина, наместо деструкција и самоуништување.