
Електро-дистрибуцијата „Лиандер“ соопшти дека 360.000 домакинства останале без електрична енергија рано изутрина.
Прекинот се случил кратко пред 8.00 часот, по локално време, но илјадници лица од соседниот град Зандам се се уште без електрична енергија.
Националната железничка компанија „Ен Ес“ предупреди дека последиците од прекинот се чувствуваат во целата земја поради сопирањето на возовите од и до Амстердам.
Засега не е јасна причината за прекинот.