Петнаесеттина мигранти од прифатниот центар во Гевгелија се вратиле во Грција

Неколку фамилии со вкупно 15 мигранти деновиве самостојно го напуштиле Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија и се вратиле во Грција, соопштија од гевгелискиот камп активисти на меѓународната организација за мигранти, според кои, тие веројатно ќе се обидат на друг начин да стигнат до нивните одредишта.

По најновиот развој на настаните, регионалниот ЦУК од Гевгелија соопшти дека во центарот сега останале уште 67 мигранти. Според информации од граничната полиција на котата 59 нема мигранти. Ситуацијата е мирна, а во изминатото деноноќие нема евидентирано мигранти кои нелегално влегле во Република Македонија.

Сите мигранти кои моментно се наоѓаат во ПТЦ „Винојуг“ здравствено се добри, сместени се во затоплени контејнери, редовно добиваат дневни оброци и облека непходна за овој период од годината.